СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
2006 - 2008
БЕНДЕВСКА ВЕСНА
Член на СДСМ. Родена 1963 година во Битола. Македонка. Високо образование. Самостоен референт во банка. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Битола.
БУЧКОВСКИ ВЛАДО
Член на СДСМ. Роден 1962 година во Скопје. Македонец. Доктор по правни науки , универзитетски професор. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.
ГЕРАМИТЧИОСКИ ТАЛЕ
Член на СДСМ. Роден 1962 година во Прилеп. Македонец. Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Прилеп.
ГРКОВСКА СЛАВИЦА
Член на СДСМ. Родена 1970 година во Скопје. Македонка. Математичар. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.
ИВАНОВА ЦВЕТАНКА
Член на СДСМ. Родена 1958 година во с. Загорани, Прилеп. Македонка. Дипломиран правник. Добро ги познава рускиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Струмица.
ИВАНОВСКИ ИГОР
Член на СДСМ. 1977 година во Скопје. Македонец. Дипломиран економист. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.
КИРОВ АЦО
Член на СДСМ. Роден 1960 година во с. Турново, Босилово. Македонец. Дипломиран економист. Учи германски јазик. Живее во с. Турново, Босилово.
КИТАНОВСКИ ЛАЗАР
Член на СДСМ. Роден 1948 година во Охрид. Македонец. Доктор на науки. Професор по социологија и политикологија. Се служи со францускиот јазик. Живее во Скопје.
БОРИС КОНДАРКО
Член на СДСМ. Роден 1973 година во Скопје. Македонец. Адвокат. Се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
МАКРАДУЛИ ЈАНИ
Член на СДСМ. Роден 1965 година во Битола. Македонец. Магистер на науки. Дипломиран инженер. Добро го познава англискиот јазик, а се служи со грчкиот и италијанскиот јазик. Живее во Скопје.
МЕРИ ЃОРЃИЕВСКА МЛАДЕНОВСКА
Член на СДСМ. Родена 1969 година во Крива Паланка. Македонка. Адвокат. Добро го познава италијанскиот јазик, а се служи со англискиот јазик. Живее во Скопје.
ИЛИНКА МИТРЕВА
Член на СДСМ. Родена 1950 година во Скопје, Р. Македонија. Македонка. Доктор на филолошки науки. Универзитетски професор. Била пратеник во двата претходни парламентарни состави. Била министер за надворешни работи. Добро ги знае францускиот, англискиот и италијанскиот јазик. Живее во Скопје.
НИКОЛОВ МАРЈАНЧО
Член на СДСМ. Роден 1971 година во Велес. Македонец. Дипломиран економист. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Велес.
ПОПОВСКИ НИКОЛА
Член на СДСМ. Роден 1962 година во Скопје. Македонец. Магистер по економски науки. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.
РИЛКОСКИ НИКОЛА
Член на СДСМ. Роден 1951 година во Охрид. Македонец. Дипломиран правник. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик, а се служи со рускиот и бугарскиот јазик. Живее во Охрид.
СЕРАФИМОВ ВЛАТКО
Член на СДСМ. Роден 1963 година во Кочани. Македонец. Дипломиран инженер технолог. Се служи со англискиот јазик. Живее во Кочани.
СПАСОВСКИ ОЛИВЕР
Член на СДСМ. Роден 1976 година во Куманово. Македонец. Дипломиран правник. Се служи со францускиот и англискиот јазик. Живее во Куманово.
ЌУРКЧИЕВ НИКОЛА
Член на СДСМ. Роден 1954 година во Гевгелија. Македонец. Дипломиран машински инженер. Добро го познава грчкиот јазик, а се служи со англискиот јазик. Живее во Гевгелија.
ФИЛИПОВА ВЕРИЦА
Член на СДСМ. Родена 1958 година во Штип. Македонka. Дипломиран електро инжeнер. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Штип.
ЦВЕТКОВСКА БЛАГОРОДНА
Член на СДСМ. Родена 1949 година во Крива Паланка. Македонка. Професор по македонски јазик и литература. Се служи со францускиот и српскиот јазик. Живее во Крива Паланка.
ШЕKЕРИНСКА РАДМИЛА
Родена 10.06.1972 година во Скопје.
Магистерските студии по меѓународни односи ги заврши на Флечер школата за право и дипломатија (Fletcher School of Law and Diplomacy) во САД. Дипломирала на Електротехничкиот факултет - Скопје во 1995 година како еден од најдобрите студенти во генерацијата.
Избрана за претседател на СДСМ во ноември 2006 година на партискиот Вонреден Конгрес.
На парламентарните избори во јули 2006 година избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во моментов, шеф на македонската опозиција, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, член на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Комитетот за односи меѓу заедниците.
Во периодот од 2002 до 2006, Радмила Шекеринска беше заменик претседател на Влада, задолжена за европска интеграција и координација на странска помош во состав на три консекутивни владини состави. Токму во време на нејзиниот мандат, Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ стапи во сила; Република Македонија поднесе барање за членство во Европската Унија, а во декември 2005 година, по добиениот позитивен извештај од Европската Комисија - Република Македонија се стекна со статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ.
Поради своите залагања и резултати на полето на европската интеграција на Македонија и регионот, Шекеринска, во 2005 година, беше добитник на наградата МЛАД ГЛОБАЛЕН ЛИДЕР која и ја додели Светскиот економски форум. Воедно, Шекеринска е член на Европскиот Стратешки Форум кој ги анализира стратешките прашања кои се однесуваат на Европската Унија. Форумот работи под покровителство на Претседателот на Португалија, претседателот на Европската Комисија, премиерот на Луксембург и поранешниот претседател на Европскиот Парламент.
Шекеринска за прв пат беше избрана за пратеник на парламентарните избори во 1998. Во тој мандат беше заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ; член на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за образование и наука и Комисијата за животна средина, млади и спорт. Таа воедно беше член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.
Како една од само четири жени-пратенички во Собранието на Република Македонија, Шекеринска постојано се залагаше за воведување на активни мерки за зголемување на учеството на жените во политичкиот живот во Македонија. Како резултат на силните залагања, СДСМ беше првата голема партија која воведе принцип на квоти за жени во сите свои партиски органи. Дополнително, за време на Владата на СДСМ, Македонија доби извонредно напредна законска регулатива со која сите партии беа обврзани да имаат најмалку 30% жени на сите свои изборни листи. Лобирањето на женските НВО-а и женските клубови во СДСМ беше силно поддржано од Шекеринска.
Пред да биде избрана за претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска беше потпретседател на ЦО СДСМ во два последователни мандати (1999-2003 и 2003-2006). Од 1999 година, ја вршеше и функцијата на интернационален секретар на СДСМ и за време на нејзиниот мандат, СДСМ беше примена за членка на Социјалистичката Интернационала. Во 1997 и 1999 година, Шекеринска беше портпарол на СДСМ.
Својата политичка кариера, Радмила Шекеринска ја започна во Социјалдемократската младина на Македонија во 1992 година. Учествуваше во изработката на Платформата на СДММ и нејзиното автономно политичко дејствување во рамките на СДСМ. Во 1995 Радмила Шекеринска беше избрана за претседател на СДММ. За време на својот прв мандат, со раководството на СДММ успеа да се избори за 20% квота за млади во сите органи на СДСМ.
Говори англиски и француски јазик.