СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА
2008 - 2011
![](WBStorage/Articles/540843BAC8D6CD47B25AC43C628335FD.jpg)
ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
Член на СПМ. Родена на 22.2.1954 година во Скопје. Македонка. Дипломиран економист.
Активности во Собранието
- Буџетски совет на Собранието, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за финансирање и буџет, член
- Комисија за економски прашања, заменик-претседател
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, претседател
![](WBStorage/Articles/E8531C6CDE05F045BDBECA32CBECCECC.jpg)
ЈОВАН ЛАЗАРЕВ
Член на СПМ.Роден на 25.11.1947 година во с. Џидимирци, Неготино. Македонец. Дипломиран машински инженер. Доктор на технички науки.
Активности во Собранието
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член
![](WBStorage/Articles/F0DCA79780E8774EB7951F11FAE628A1.jpg)
ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГО
Член и претседател на СПМ. Роден на 8.11.1936 година во Кратово. Македонец. Дипломиран рударски инженер.
Активности во Собранието
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Комисија за економски прашања, претседател
- Комисија за здравство, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член