Hidden render

Петок, 21 мај 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА Г. МЕВЛУТ ЧАВУШОГЛУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА НА СЕДНИЦАТА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ

Почитуван претседател,
Почитувани колеги

Пред сѐ би сакал да му заблагодарам на парламентот, особено на претседателот, за тоа што е домаќин на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Скопје. Министре Милошоски, вашето претседателство со Комитетот на министри само што започна и веќе имаме можност да работиме заедно. Го поздравувам вашето присуство затоа што тоа е знак дека имате волја понатаму да ја зајакнете соработката со Парламентарното собрание и за тоа ви благодарам. Од наша страна, подготвени сме да дадеме целосна поддршка за вашето претседателство и во очекување сме да ве пречекаме во нашиот Хемицил во текот на полу-сесијата во јуни.

Дозволете да подвлечам дека приоритетите на Македонското претседателство во голема мера се преклопуваат со оние кои лично ги промовирам како претседател на Парламентарното собрание.

Првиот од трите приоритети наведени во вашиот документ, „Јакнење на заштитата на човековите права“, е секако дел од суштината на нашата организација. Во овој поглед, Конференцијата во Интерлакен, на која имав можност да присуствувам, беше почетна точка за еден нов и значаен моментум.

Со оглед на вашата посветеност да осигурате долгорочна ефикасност на системот на Конвенцијата и да го унапредите принципот на субсидијарност, верувам дека процесите од Андерликен ќе бидат во добри раце во следните шест месеци.

Второ, особено ја ценам идејата за „ Кон интеграција почитувајќи ги разликите“, и нагласувањето на меѓу религискиот и меѓу културниот дијалог како инструмент за заемно разбирање.

„Совет на Европа 2010 – размена на религиозна димензија на меѓу културен дијалог“ кој ќе се одржи во Охрид на 13 и 14 септември 2010, ми се чини дека е  особено важен настан. За Собранието, и за мене лично  ќе биде задоволство да придонесеме за овој настан.

Во однос на унапредувањето на учеството на младите, особено во форма на инвестирање во образованието, можеме само да го одобриме и да ја дадеме целосната поддршка од наша страна.

Младите денес не само што се иднината на Европа, туку се и важен дел од сегашноста, особено во овие простори од нашиот континент, што за мене е задоволство кое може да го видите од бројните посети.

Оттука, денес сме во очекување на размената на мислења за овие и други прашања.

Сепак, би сакал, пред сѐ, да му дадам збор на претседателот на собранието, г. Трајко Вељаноски. 

Click