Средби Собрание

Вторник, 28 ноември 2017 година

Официјална посета на претседателот Џафери на Кралството Шведска

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на г. Урбан Алин, спикер на шведскиот Риксдаг, на 27 и 28 ноември 2017 г. ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска. 

Ова ќе биде прва официјална посета од страна на државен претставник на Република Македонија во Кралството Шведска од осамостојувањето на државата. 

Во составот на официјалната делегација се пратениците: Фросина Ременски, Ејуп Алими и Фадил Зендели. Во рамките на програмата за посета е предвидена средба со домаќинот, г.Урбан Алин како и аудиенција кај кралот на Шведска, Неговото височество, Карл XVI Густаф. 

Покрај тоа, претседателот и делегацијата ќе остварат средба со министерката за надворешни работи, г-ѓа Маргот Валстром, министерката за миграција и заменик-министерката за правда, г-ѓа Хелена Фрицон, како и со претседателката на Градскиот совет на Стокхолм, г-ѓа Ева-Луиз Ерландсон Слорах.

Click