Средби Собрание

Среда, 20 декември 2017 година

Претседателот на Собранието Џафери во официјална посета на Албанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на претседателот на Собранието на Република Албанија,  г. Грамоз Ручи, од 19 декември, ќе биде во официјална посета на оваа соседна земја. Во состав на делегацијата се и пратениците Ејуп Алими од ДУИ, Бети Рабаџиевска од СДСМ и пратеникот Реџеп Мемеди од БЕСА.

Според програмата за посета, предвидени се средби со претседателот на Собранието, г. Грамоз Ручи, со претседателот на државата, г. Илир Мета, заменик-претседателот на Влада, г-ѓа Сенида Меси  и претседателот на Демократската партија, г. Лулзим Баша.

Покрај средбите со државниот врв, претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, ќе оствари средба и со македонското малцинство во Пустец. 

Во рамките на посетата, предвидено е давање интервју за телевизија Top Channel и Интервју во живо за News 24.   

Click