Средби Собрание

Понеделник, 26 февруари 2018 година, 10.00 часот, Кристална сала

13.  Конференција на парламентарните Комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа - КОСАП

  • 10.00-10.30 часот - Свечено отворање на 13. КОСАП од страна на г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија
  • Поздравно обраќање: г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија 
  • 10.30-14.00 часот - Сесија 1: Европската перспектива на Западен Балкан

(Дискусија за ЕУ Стратегија за Западен Балкан: Кредибилна перспектива на проширувањето и зајакнат ангажман на ЕУ за Западен Балкан, во пресрет на Извештаите за земјите од ЕК, и заклучоците на Советот на ЕУ во јуни)

Претседавач: г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија

Гости говорници:

Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Република Македонија

г. Кнут Флекенштајн, член на Европскиот парламент

г. Едуард Кукан, член на Европскиот парламент

г. Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови

  • Сесија 2: Западен Балкан владеен од правото

Претседавач: г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија

Гости говорници:

Н.Е. Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија

г. Никола Димитров, министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија 

г. Иво Вајгл, член на Европскиот парламент

г. Билен Салији, министер за правда во Владата на Република Македонија

  • Заклучни согледувања - г. Зоран Нечев, Институт за демократија „Societas civilis” (IDSCS)
  • Дискусија
  • Усвојување на заедничка изјава 
  • 14.00-14.30 часот - ИЗЈАВИ ЗА МЕДИУМИ

Настанот е отворен за медиуми


Click