Средби Собрание

Четврток , 3 мај 2018 година, 09.30 часот, Кабинет на претседателот 

Потпишување Меморандум за соработка за спроведување на Проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од име на Собранието на Република Македонија и г. Томас Гербер, директор и амбасадор на Демократска контрола врз вооружените сили (ДКАФ), ќе потпишат Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“, како дел од програмата за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Македонија 2017 - 2020. 

По потпишувањето на Меморандумот ќе следат и изјави за медиуми од двајцата потписници во Холот на портрети.

Се покануваат медиумите да го покријат чинот на потпишување и давање изјави.

Click