Петок, 13 април 2018 година
Претседателот Џафери на 5. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска и утре, ќе учествува на Петтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во својство на шеф на Делегацијата која е составена од членовите: г. Хари Локвенец, г. Џеват Адеми и г-ѓа. Теута Билали, во Љубљана.
Покрај обраќањето на Пленарната сесија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери ќе оствари и повеќе билатерални средби.