Средби Собрание

Сабота, 14 април 2018 година

Претседателот Џафери на 5. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска ќе учествува на Петтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во својство на шеф на Делегацијата која е составена од членовите: г. Хари Локвенец, г. Џеват Адеми и г-ѓа. Теута Билали, во Љубљана.

Покрај обраќањето на Пленарната сесија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Click