Средби Собрание

22-24 мај 2018 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Србија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од 22 до 24 мај 2018 година, ќе биде во официјална посета на Република Србија. 

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија: г. Иван Стоиљковиќ, претседател на групата; г. Илија Николовски, член на групата и г-ѓа Мирсада Емини Асани, исто така член на групата за соработка. 

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ, со претседателот на Владата на Република Србија, г-ѓа Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното Собрание на Република Македонија.

Click