Средби Собрание

18-21 април 2018 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, од 18 до 21 април 2018 година, ќе биде во официјална посета на Република Турција. 

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди; претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, г. Енес Ибрахим и членот на Групата за соработка, г. Јусуф Хасани. 

Во рамките на официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Македонија, предвидени се билатерални средби со државниот врв на Република Турција и средби со Интерпарламентарната група за пријателство Турција - Македонија и со турско-македонскиот бизнис совет.

Click