Средби Собрание

Сабота, 24 март 2018 година

Собраниска делегација, предводена од претседателот Џафери, на 138. Собрание на ИПУ во Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери од 24.03 (денес) до 28.03.2018 година ќе учествува на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија што ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

Претседателот на Собранието ќе ја предводи Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ИПУ, составена од пратениците г. Томислав Тунтев, г. Јован Митревски, г. Димитар Стевананџија, г. Реџаил Исмаили, г. Африм Гаши, г-ѓа Јулијана Николова и г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, ќе учествува во работата на Собранието со свое обраќање, а во рамките на целиот настан ќе има и билатерални средби.

Click