Средби Собрание

16-19 ноември 2018 година

Учество на претседателот Џафери на 64. годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО во Канада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со потпретседателот Весел Мемеди и пратениците Илија Димовски и Катерина Кузмановска, од 16 до 19 ноември 2018 година ќе учествуваат на 64-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.

На Сесијата претседателот ќе има свое обраќање а можни се и средби нa маргините на настанот.

Во рамките на патувањето во Канада, претседателот Џафери ќе има средба и обраќање пред Албанската католичка заедница „Благословена Мајка Тереза“ во Торонто.   

Click