Средби Собрание

Вторник, 11 февруари 2020, 15:00 часот, Сала „Македонија“

Сценарио за свечената седница по повод ратификацијата на Северноатлантскиот договор

Пред почетокот на свечената седница, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе оствари кратки поздравни средби со претставниците на парламентите на соседните земји.

  • 12:45 – 12:55 - ХРВАТСКА - д-р Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во ПС НАТО - Кабинет на претседател
  • 13:00 – 13:30 - ПС-НАТО, г. Атила Местерхази - Стар Кабинет на претседател
  • 13:35 – 13:45 - АЛБАНИЈА, г-ѓа Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот - Кабинет на претседател
  • 13:50 – 14:15 - БУГАРИЈА, г-ѓа Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание - Сала Длаборез
  • 14:20 – 14:35 - ЦРНА ГОРА, г. Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот - Стар Кабинет на претседател
» Се покануваат медиумите да направат кратки инсерти од средбите, додека Службата на Собранието на Република Северна Македонија ќе прати соопштение и слики, како и линк од инсерти.
  • 15:00 - СВЕЧЕНА СЕДНИЦА, РЕДОСЛЕД НА ОБРАЌАЊЕ:

1. Претседател на Република Северна Македонија – г. Стево Пендаровски

2. Премиер на Република Северна Македонија – г. Оливер Спасовски

3. Во име на Пратеничката група на СДСМ – г. Јован Митревски

4. Во име на Пратеничката група на ДУИ – г. Али Ахмети

5. Во име на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – г. Никола Мицевски

6. Во име на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ – г-ѓа Нола Исмајлоска-Старова

7. Во име на политичката партија Алијанса на Албанците - г. Сурија Рашиди

8. Во име на политичката партија АЛТЕРНАТИВА – г. Африм Гаши

9. Во име на политичката партија БЕСА – г. Фадил Зендели

10. Во име на Демократската партија на Албанците - г-ѓа Мерал Ферати

***** Како домаќин на законодавниот дом, последен ќе се обраќа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери.

» Откако ќе се изврши гласањето, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери, ќе го покани претседателот на ПС НАТО, г. Атила Местерхази, да се обрати пред пленумот.

  • 16:00 - ЦЕРЕМОНИЈА: Подигнување на знамето на НАТО пред Собранието на Република Северна Македонија (Ќе оди во ЖИВО МТВ1)

» Се покануваат сите медиуми да го покријат овој настан 
Click