Средби Собрание

Петок, 6 август 2021, 17:00 часот

Претседателот Џафери ќе го потпише Решението за распишување на избори

  • Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на 6 август 2021 година, во 17:00 часот, ќе го потпише Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.  
* Се покануваат акредитираните сниматели и новинари да го проследат настанот, кој што ќе започне во Кабинетот на претседателот Џафери со актот на потпишување на Решението, по што ќе следи изјава на претседателот за медиумите во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија. 
Click