Средби Собрание

Четврток, 15 април 2021 година

Учество на претседателот Џафери на 17. Конференција на Јадранско-Jонската иницијатива

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско – Јонската иницијатива, која што ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија на 15 април 2021 година, со почеток во 11.00 часот.

Учесниците на Пленарна сесија ќе дискутираат на тема: „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“. Конференцијата за прв пат се организира во формат на видео – конференција која што ќе може да се следи директно преку следнава врска: https://www.dz-rs.si/wps/portal/Home/ostalo/VideoStream.

Click