Средби Собрание

Петок, 24 септември 2021

Учество на претседателот Џафери на Десеттиот состанок на претседатели на Парламенти на земјите од Југоисточна Европа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на 24 септември 2021 година ќе учествува на Десеттиот состанок на претседатели на Парламенти на земјите од Југоисточна Европа, посветен на проширувањето. Состанокот се одржува во Будимпешта, и истиот традиционално се организира од страна на Собранието на Република Унгарија на секои две години.

На состанокот, покрај претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа, ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите од Вишеградската група. 

Предвидено е во воведниот дел на состанокот, свои излагања да имаат премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархели и претседателот на Собранието на Република Унгарија, Ласло Ковер, по што ќе следат обраќања на претседателите на парламентите на земјите од Југоисточна Европа, вклучително и обраќањето на претседателот Талат Џафери. 

На состанокот е предвидено усвојување и потпишување на Заедничка изјава од страна на учесниците, која ќе биде испратена до националните парламенти на земјите членки на Европската Унија и до лидерите на европските институции. 

Click