Средби Собрание

28-29 јуни 2021 година

Учество на претседателот Џафери на Самитот на претседатели на Парламенти:Европски парламент – Западен Балкан во Брисел

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на 28 и 29 јуни 2021 година, по покана на претседателот на Европскиот парламент, г. Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски парламент – Западен Балкан кој што ќе се одржи во Брисел, Кралство Белгија. На Самитот ќе учествуваат претседатели на Парламенти од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија. Во рамките на Самитот предвидено е да се одржи состанок на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан, и претседателите на Парламенти од Западен Балкан; со состанокот ќе претседава г. Дејвид Мекалистер, претседател на АФЕТ. 

Овој состанок ќе се пренесува во живо преку следнава врска: https://multimedia.europarl.europa.eu/en/webstreaming, а ќе започне во 12:30 часот. 

Самитот на претседатели на Парламенти ќе се осврне на зајакнувањето на парламентарната соработка во процесот на проширување како и на фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во пост-КОВИД периодот и истиот нема да биде отворен за јавноста. Предвидено е претседателот да се обрати на Самитот, а интегралниот текст на обраќањето ќе Ви го доставиме благовремено. 

На маргините на Самитот, потврдено е дека претседателот Џафери ќе оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, г. Игор Зорчиќ, како и средба со европратениците г. Шидер, г. Кјучук и г-ѓа Валсман. 

Click