Илија Китаноски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 22.7.1959 година во Кичево. Македонец. Дипломирал на Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, претседател
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, претседател
Е-пошта: i.kitanoski@sobranie.mk