Пратеничката група за соработка на средба со кинеската амба...

Четврток, 15 ноември 2018 година

Пратеничката група за соработка на средба со кинеската амбасадорка Лисјен

Пратениците Владанка Авировиќ, Анета Симеска-Димоска, Тања Ковачев,  Агим Шаќири и Јохан Тарчулоски, во својство на претседател и членови на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Народна Република Кина, остварија средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Јин Лисјен. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Владата ...

Среда, 14 ноември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Владата на Република Малта, Јозеф Мускат 

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери со премиерот на Република Малта, Јозеф Мускат кој е во прва официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји, како на политички така и на економски план.

Прочитај повеќе

Светски ден на дијабетесот ...

Среда, 14 ноември 2018 година

Светски ден на дијабетесот 

Комисија за здравство на Собранието на Република Македонија, на својата 17. седница, го одбележа Светскиот ден на дијабетесот - 14 Ноември, кој се одржува на овој ден во чест на роденденот на еден од пронаоѓачите на инсулинот- Фредерик Бантинг

Прочитај повеќе

Дваесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски...

Сабота, 10 ноември 2018 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 29. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот  на  законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Прочитај повеќе

Парламентарен форум на тема: „Изборни закони, учесници и ка...

Петок, 9 ноември 2018 година, Цетиње

Парламентарен форум на тема: „Изборни закони, учесници и кампањи: Дали избирачот е во центарот на вниманието?“

Денеска, членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија: Ане Лашкоска, Бетиан Китев и Чедомир Саздовски, учествуваа на 20. Парламентарен форум во Цетиње, кој е во организација на Парламентот на Црна Гора. 

Прочитај повеќе

Тринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарств...

Четврток, 8 ноември 2018 година

Тринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 13. седница, одржана на 23 август, 30 август (I продолжение) и 7 ноември (II продолжение) 2018 година, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното, поднесен од пратеникот Панчо Минов.

Прочитај повеќе

Формирана „Интерпартиска парламентарна група за помирување ...

Вторник, 6 ноември 2018 година

Формирана „Интерпартиска парламентарна група за помирување и интеграција“

На денешната координација на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии кои не се организирани во пратенички групи, со консензус од присутните се донесе заклучок за формирање „Интерпартиска парламентарна група за помирување и интеграција“.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Ри...

Вторник, 6 ноември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Рифаје, амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан                               

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Јордан, Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Рифаје, којшто нерезидентно ја покрива Република Македонија од Анкара, Република Турција. На средбата беше присутен и пратеникот Мухамед Зекири, кој воедно е и претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток.

Прочитај повеќе

Борбата против корупцијата и организираниот криминал - клуч...

Вторник, 6 ноември 2018 година

Борбата против корупцијата и организираниот криминал - клучна компонента на вистинската демократија

На конференцијата за „Градење на демократска безбедност на Медитеранот, заеднички предизвици, поделена одговорност“, која во организација на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на  Советот на Европа и на Парламентот на Република Хрватска, се одржува во Дубровник, свое обраќање имаше шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Бетиан Китев.  

 

Прочитај повеќе

Граѓанското општество најбитно за развој на демократијата...

Понеделник, 5 ноември 2018 година

Граѓанското општество најбитно за развој на демократијата

Денеска, претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски и членовите, во Собранието на Република Македонија остварија средба со претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка, кој е во официјална посета на Македонија.
Прочитај повеќе
1...585960...117                                                                                                                      
Click