Активности

Четврток, 16 јули 2009 година

Дванаесет Комисии во Европскиот парламент добија нови претседатели и потпретседатели

Европскиот парламент на денешната Конститутивната седница во Стразбур ги избра новите претседатели и потпретседатели на дванаесет Комисии - за надворешни работи; меѓународна трговија; буџет; економски и финансиски прашања; труд и социјална политика; екологија, јавно здравство и безбедност на храна; индустрија, истражување и енергетика; внатрешен пазар и заштита на потрошувачите; правни прашања; граѓански слободи; правата на жените и еднаквост меѓу половите и петиции. 

Нови претседатели на Комисиите во ЕП:

- Комисија за надворешни работи -  Габриеле Абертини од Италија, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи;

- Комисија за меѓународна трговија – Витал Мореира од Португалија, член на Партија на социјалистите и демократите;

- Комисија за буџет – Ален Ламасур од Франција, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи;

- Комисија за економски и финансиски прашања – Шенон Бовлс од Велика Британија, член на Партија на либералите и демократите за Европа;

- Комисија за труд и социјална политика – Первенш Бере од Франција, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за екологија, јавно здравство и безбедност на храна – Џо Лејнен од Германија, член на Партија на социјалистите и демократите;

- Комисија за индустрија, истражување и енергетика – Херберт Реул од Германија, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи;

- Комисија за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите – Малколм Харбор од Велика Британија, член на Партијата на конзервативците и реформистите;

- Комисија за правни прашања – Клаус-Хејнер Лехне од Германија, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи;

- Комисија за граѓански слободи – Фернандо Лопес Агилар од Шпанија, член на Партијата на социјалистите и демократите;

- Комисија за правата на жените и еднаквост меѓу половите – Ева Брит Свенсон од Шведска, член на Партијата на Обединета европската левица/Нордиска зелена левица;

- Комисија за петиции – Ерминија Мацони од Италија, член на Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи.
Click