Активности

Четврток, 23 јули 2009 година

Петнаесетта  седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија на петнаесеттата седница одржана на 22 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за пасиштата (второ читање).

Претседателот на Комисијата констатира дека по Предлог законот до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Со оглед на тоа што по овој предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување на Законот за пасиштата.
Click