Активности



Вторник, 7 јули 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Деветнаесеттата седница, одржана на 2 јули 2009 година, како матично работно тело ги претресе Предлог законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (прво читање) и Предлог законот за електронско управување (прво читање).

Потребата од донесување на Предлог закон за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија ја образложи заменик-министерот за транспорт и врски, г-дин Љупчо Димовски, кој нагласи дека со трансформацијата на Јавното претпријатие во две акционерски друштва ќе се создадат услови за подобро стопанисување со станбениот и деловниот простор во сопственост на Република Македонија. Тој воедно ги нагласи основните принципи за формирање на акционерски друштва со сопствени општи акти во кои ќе се дефинираат нивните надлежности.

Донесувањето на овој Предлог закон е иницирано многу одамна и се заснова на принципите на извештајот и анализата на независна ревизорска куќа.

Во однос на Предлог законот за електронско управување своето образложение го даде г-дин Иво Ивановски,  министер за информатичко општество. Тој  ги нагласи основните цели што ќе се постигнат со донесување на овој закон, а кои се однесуваат на подобрување на работата на институциите во сферата на информатиката и олеснување на граѓаните при решавање на своите барања пред надлежните органи. Г-дин Ивановски воедно укажа на потребата од донесување на законот, а што е определба на Владата да се хармонизира домашното со меѓународното законодавство.

Врз основа на расправата, Комисијата за  транспорт, врски и екологија  оцени дека Предлог законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.



Click