Активности



Понеделник, 27 јули 2009 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Дваесет и втората седница, одржана на 23 јули 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија (второ читање) и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање).

Во однос на Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија, во рокот утврден согласно деловникот, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи и Комисијата едногласно му предложи на Собранието да го донесе Законот за дополнување на Законот за трговија.

На дневниот ред на Комисијата, како втора точка беше Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија. Комисијата ги претресе, но не ги усвои поднесените амандмани на овој Предлог-закон.

Врз основа на расправата, Комисијата за економски прашања со мнозинство гласови заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click