Активности



Среда, 19 август 2009

Дваесет и трета седница НА Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Дваесет и третата седница одржана на 18 август 2009 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија (прво читање).

Потребата за изменување и дополнување на Законот за метрологија ја образложи Катерина Костеска, државен секретар во Министерството за економија, која истакна дека  со одредбите на предложениот закон се трансформираат дел од одредбите на МИ директивата на Европскиот парламент и совет која е донесена на 31 март 2004 година, со цел да се обезбеди минимално ниво на точност на мерилата, надминување на техничките бариери на трговијата. При транспонирањето на оваа директива се наметна потребата од одредена преформулација на дефиницијата мерило, како и дополнување на нови дефиниции за одредени поими кои што се употребуваат во ново приложените и постојните одредби од Законот за метрологија, а се ова со цел за нивна примена која би резултирала со позитивни ефекти. Во измените и дополненијата на овој закон, за прв пат се дефинираат поимите како што се производител, пуштање во промет, овластен застапник, ставање во употреба, хармонизиран стандард, нормативен документ, метролошки надзор, законска метролошка контрола, како и метролошкиот надзор над количините и ознаките на количини на пакуваните производи.

 Повереникот Катерина Костеска истакна дека суштината и целите на одредбите од законот имаат за цел обезбедување на заштита на луѓето, заштита на животната средина, општата техничка безбедност, заштита на потрошувачите, непречена размена на стоки и услуги и слично.

Исто така со Предлог на законот се утврдуваат правата и обврските на производителот, на правните и физичките лица кои ги пуштаат во промет мерилата кои се од суштествени барања на одлучување и сообразност. Таа истакна дека МИ директивата претставува директива од новиот пристап, во која што се создава заеднички пазар за мерилата кои што подлежат на легална метролошка контрола, како истовремено висок степен на заштита на потрошувачите.

Во расправата на Комисијата учествуваа пратениците: Марјанчо Николов, претседателот на комисијата Љубисав Иванов Ѕинго, како  и претставникот од Бирото за метрологија Дано Пендовски.

Комисијата за економски прашања врз основа на расправата едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологија е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање. 

Click