Активности

Вторник, 28 јули 2009 година 

Дваесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 23 јули 2009 година ја одржа Дваесет и деветтата седница.  

Комисијата како матично работно тело гo разгледа Амандманот за додавање нов член 10-а, по членот 10, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизи, поднесен од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Амандманот беше предложен од социјален аспект, односно поради непостоење можност за прогласување технолошки вишок или отпуштање на работниците, како и намалување на трошоците за примена на овој закон.     

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со три гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман. 

Комисијата со пет гласа „за" и три „против" заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите. 

На седницата, Комисијата за финансирање и буџет гo разгледа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (второ читање).

По овој Предлогот на закон беше поднесен Амандман за додавање нов член 9-а, по членот 9, од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов, меѓутоа пратеникот Миле Андонов, од име на предлагачите на седницата на Комисијата, истиот го повлече.

Со пет гласа „за" и три „против", Комисијата заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.

Комисијата уште ги разгледа Амандманот на член 18 став (3) на Предлогот на закон за Македонска банка за поддршка на развојот, поднесен од пратениците  Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Соња Ѓелова Стојанова, Талат Џафери, Јулијета Марку, Владо Стефановски, Саве Савевски, Стојче Крстевски, Цветко Грозданов и Катерина Димеска.

Амандманот на член 5,  Амандманот на членот 8  за бришење на став (1), Амандманот на член 9 за додавање нов став (3) по ставот (2), Амандманот на член 10 точка 3,  Амандманот на член 11 став (1) за бришење на точките 3, 4, 5 и 6,  Амандманот на член 11 за додавање нов став (5) по ставот (4),  Амандманот на член 14 за бришење на ставот (6), Амандманот на член 17 за бришење на ставот  (3),  Амандманот на член 17,  Амандманот на член 18 за бришење на ставот (1) и на ставот (3) и  Амандманот за бришење на член 19
, поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Комисијата го разгледа Амандманот на член 5, кој беше образложен од пратеникот Марјанчо Николов. Тој истакна дека МБПР како државна банка треба да биде или под контрола на Министерството за финансии или за оваа банка да важат целосно одредбите за другите банки.        

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со два гласа „за" и осум гласа „против" Комисијата не го усвои овој амандман.

За Амандманот на членот 8 за бришење на став (1), образложен од страна на  пратеникот Марјанчо Николов, беше речено дека со бришење на ставот (1) се подобрува текстот на одредбата на членот 8.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Комисијата  со шест гласа „за" од  вкупно присутни 10 членови, го усвои Амандманот. 

Комисијата не го разгледа Амандманот на член 9 за додавање нов став (3) по ставот (2), бидејќи пратеникот Марјанчо Николов од име на предлагачите го повлече истиот после објаснувањето од страна на претставникот на Владата.     

Амандманот на член 10, точка 3 го образложи пратеникот Миле Андонов. Тој истакна дека со Амандманот се предлага средствата во износ од 244.512.147,00 денари, коишто беа Гарантен фонд на МБПР со постојниот закон, со овој Предлог на закон се укинува и средствата наместо да претставуваат почетен капитал на банката, истите да се наменат за поддршка на мали, средни, микро претпријатија, трговци поединци и занаетчии, основани во Република Македонија.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со два гласа „за" и седум гласа „против" Комисијата не го усвои овој амандман.       

Истиот пратеник го образложи Амандманот на член 11 став (1) за бришење на точките 3, 4, 5 и 6. Тој истакна дека Амандманот се предлага со цел МБПР да се насочи кон кредитирање и помош на фирми, а не да врши класични банкарски активности. 

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со два гласа „за" и шест „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

По Амандманот на член 11 за додавање нов став (5) по ставот (4),  пратеникот Марјанчо Николов истакна дека тој се предлага со цел да се спречи опасноста од нерационалното трошење на средствата.          

Претставникот на Владата  не се согласи со поднесениот амандман. Со два гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Г-дин Николов за Амандманот на член 14 за бришење на ставот (6), истакна дека се предлага заради појасно и попрецизно утврдување на текстот на одредбата на членот 14.

Претставникот на Владата  не се согласи со поднесениот амандман. Со  два  гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Пратеникот Николов за Амандманот на член 17 за бришење на ставот (3), истакна дека Амандманот се предлага заради појасно и попрецизно утврдување на текстот на одредбата на членот 17. 

Претставникот на Владата  не се согласи со поднесениот амандман. Со два  гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Комисијата го разгледа Амандманот на член 17, кој го образложи пратеникот Миле Андонов, при што истакна дека Амандманот се предлага заради појасно и попрецизно утврдување на текстот на одредбата на членот 17.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со  два  гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Пратеникот Марјанчо Николов при образложувањето на Амандманот на член 18 за бришење на ставот (1) и на ставот (3), истакна дека тој се предлага со цел да се намали преоптовареноста на надлежностите и мешање во одговорностите на НБРМ, како и заради остварување на надзор на работата од страна на Собранието на Република Македонија. 

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со два гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Комисијата го разгледа Амандманот на член 18 ставот (3), кој го образложи пратеникот Крсто Мукоски, истакнувајќи дека Амандманот се предлага со цел да се даде можност годишните извештаи на МБПР да се доставуваат и до Собранието на Република Македонија.

Претставникот на Владата се согласи со поднесениот амандман. Со седум гласа „за", Комисијата го усвои овој амандман.

Во врска со Амандманот за бришење на член 19, пратеникот Марјанчо Николов истакна дека Амандманот се предлага со цел навремено да се спречи лошото работење, можната злоупотреба на средствата и јасно да се прецизира одговорноста за евентуални злоупотреби.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот амандман. Со  два  гласа „за" и пет „против", Комисијата не го усвои овој амандман.

Комисијата со пет гласа „за“ и три „против“ заклучи дека согласно член 155 од Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог на закон за Македонска банка за поддршка на развојот.

Комисијата гo разгледа и Предлогот на законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи      (второ читање).                                                                

По овој Предлог на закон беше поднесен Амандман за додавање нов член 2-а, по членот 2, од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов, меѓутоа пратеникот Миле Андонов од име на предлагачите на седницата на Комисијата истиот го повлече. 

Комисијата со пет гласа „за" и три „против" заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за Управата за јавни приходи.

На истата седница, Комисијата го разгледа уште Предлогот на закон за изменување на Законот за даночна постапка (второ читање).

Претседателот на Комисијата, г-дин Јован Манасијевски, констатира дека по Предлог-законот до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за даночна постапка.

 

     

 
Click