Активности



Петок, 4 септември 2009 година

Триесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 3 септември 2009 година ја одржа триесет и втората седница.

На седницата, Комисијата како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова- КФВ по Договорот за заем по Проектот „Водовод и Канализација на општините фаза I“ (второ читање);
  • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој, по договорот за кредит за Проектот за унапредување на цивилната воздушна пловидба (второ читање);
  • Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај ЕБОР по Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга (второ читање);
  • Предлог на закон за дополнување на Законот за данокот за додадена вредност (второ читање).

По Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова-КФВ по Договорот за заем по Проектот „Водовод и Канализација на општините фаза I“ (второ читање), претседателот на Комисијата констатира дека по Предлог-законот до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата со седум гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова- КФВ по Договорот за заем по Проектот '' Водовод и Канализација на општините фаза I''.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој, по договорот за кредит за Проектот за унапредување на цивилната воздушна пловидба, претседателот на Комисијата констатира дека по Предлог законот до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на Законот за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој, по договорот за кредит за Проектот за унапредување на цивилната воздушна пловидба.

На седницата Комисијата ги разгледа и Амандманот на член 1 став (1), Амандманот на член 1 став (2) и  Амандманот на член 1 за додавање на нов став (3) по ставот (2) на Предлогот на закон за  изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај ЕБОР по Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга, поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Комисијата со пет гласа „за“ и три „ против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај ЕБОР по Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/ Струга.

Комисијата уште ги разгледа Амандманот за додавање на нов став (2) во членот 1, Амандманот на член 1 за додавање на нова точка 12 по точката 11 и Амандманот на член 1 за додавање на нов став (2)  и нова точка 4  по точката 3 на Предлогот на закон за дополнување на Законот за данокот за додадена вредност, поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Комисијата со седум гласа „за“, два „ против“ и еден „воздржан“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за данокот за додадена вредност. 

Click