Активности



Понеделник, 14 декември 2009 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и четвртата седница, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (прво читање) и Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (второ читање).

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси воведно образложение даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи.

Со осум гласа „за”, еден „против” и два „воздржани”, Комисијата заклучи дека Предлогот на закон за изменување и  дополнување на Законот за административните такси е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Во однос на Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, претседателот на Комисијата констатираше дека по Предлог-законот до определениот рок, согласно Деловникот, не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

 

 

Click