Активности



Четврток, 15 октомври 2009 година

Амбасадорот Ерван Фуере го презентираше Годишниот извештај

Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г. Ерван Фуере присуствуваше на триесет и првата седница на Комисијата за европски прашања на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година.

Со седницата претседаваше г. Петар Поп Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања, а на седницата свое учество зедоа и членовите на Комисијата за надворешна политика и на Мешовитиот парламентарен комитет, потоа вицепремиерот за евроинтеграции, г. Васко Наумовски и г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Амбасадорот Ерван Фуере се задржа на неколку сегменти од извештајот, при што истакна дека позитивниот извештај е огромен поттик за државата. Тој изјави дека дека Република Македонија ги исполни политичките критериуми од копенгхашкиот Европски совет 1993 година, процесот за стабилизација и асоцијација и поради тоа Комисијата одлучи да препорача отворање на пристапни преговори.

Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, г. Ларс Петер Фреден, во името на шведското претседателствување со Европската унија ја поздрави препораката.

Амбасадорот Ерван Фуере го нагласи она што беше кажано и во Брисел, а тоа е да се искористи моментот да се реши проблемот со името, со цел што поскоро интегрирање на државата.

 

 

Click