Активности



Вторник, 13 октомври 2009 година

Медитеранскиот дијалог е ретка можност да им се помогне на земјите во регионот за градење на заедничко разбирање

Во Атина, на 10 октомври 2009 година, во рамките на есенското заседание на ПС на ОБСЕ, се одржа Медитерански форум на ОБСЕ со особен акцент на перспективите и предизвиците.

Меѓу другите учесници на Медитерански форум на ОБСЕ настапи и пратеникот г. Владимир Ѓорчев, член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Тој нагласи дека медитеранскиот дијалог е ретка можност да им се помогне на земјите во регионот за градење на заедничко разбирање и  истакна дека е потребно да се стимулираат потенцијалите и да се поддржуваат регионалните иницијативи.     

Исто така, тој ги поздрави скорешните изјави на високи европски лидери за европско интегрирање на сите балкански земји и испрати  позитивни пораки до новото грчко раководство, со надеж дека ќе дејствува во правец на надминување на билатералните прашања.

На маргините на состанокот, пратеникот г. Владимир Ѓорчев оствари средби со сенаторот од Охајо, г. Џорџ Воинивиќ и со претседавачот на Третиот комитет на ПС на ОБСЕ и шеф на шведската делегација г-ѓа Валбурга Хабсбург Даглас.                       

Click