Активности



Петок, 9 октомври 2009 година, Атина


Учество на наша делегација на парламентарната конференција за „Енергетската безбедност и животната средина"



Делегација на Собранието на Република Македонија учествува на есенските состаноци на ПС на ОБСЕ што се одржуваат од 9 до 11 октомври 2009 година во Атина, Грција. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: г. Андреј Петров (СДСМ), шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев (ВМРО-ДПМНЕ) и г. Хисен Џемаили (ДУИ), членови.
 

Во рамките на есенското заседание на ПС на ОБСЕ се одржа парламентарна конференција за „Енергетската безбедност и животната средина". На правата сесија за регионалната соработка во енергетскиот сектор настапи пратеникот  Андреј Петров.  Тој истакна дека соработката во областа на енергетиката, а особено во се уште ранливите региони каков што е балканскиот, не е само важна, туку јасно и недвосмислено покажува колку е таа нужна претпоставка за развој, интеграција и вклучување на регионот во тековите на ЕУ. Ги повтори заложбите содржани во Договорот за основање на енергетска заедница за регионална соработка, потпишана во Атина во 2005 година, за формирање на интегриран пазар на електрична енергија и природен гас, како и создавање на правна и регулаторна рамка за пазарот на енергија, кој ќе функционира според правилата применливи во ЕУ, а со цел  целосно интегрирање на регионот во ЕУ.

На конференцијата учествуваат околу 200 парламентарци од 56 држави-учеснички во ОБСЕ. Воведни обраќања на денешната конференција имаа: претседателот на ПС на ОБСЕ, г. Жоа Соареш, претседателот на Парламентот на Грција, кој е во заминување, г. Димитриос Сиуфас, како и г. Спирос Куверис, заменик- министер за надворешни работи во новата влада.

Утре се очекува да настапи г. Треодорос Пангалос, потпретседател на владата на Грција и претседател на Политичкиот комитет на Собранието на ЗЕУ.     



Click