Активности



Вторник, 28 јули 2009 година

Буџетскиот совет ги усвои Насоките за подготовка на Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Петтата седница, одржана на 23 јули 2009 година, ги разгледа Насоките за подготовка на Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година и врз основа на расправата едногласно ги усвои следниве заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија ги разгледа и усвои Насоките за подготовка на Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010 - 2012 година;

2. Советот на Собранискиот канал на Собранието на Република Македонија потребно е да достави до Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија информација за развојните и инвестициони планови на Собранискиот канал за периодот 2010 - 2012 година;

3. Овие Заклучоци да се достават до претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Советот на Собранискиот канал на Собранието на Република Македонија, генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот за финансиски и економски прашања.

Click