Активности



Четврток, 17 септември 2009 година

собранието - зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во развојот на демократијата

Генералното собрание на ОН во 2007 година го прогласи 15 септември за Меѓународен ден на демократијата, кој по втор пат беше одбележан во Собранието на Република Македонија преку низа настани.

Централна манифестација, по повод овој настан, беше тркалезната маса на тема „Кон зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во законодавната и контролната улога на Собранието".

Со учество на претставници на граѓанскиот сектор, експерти и пратеници се оствари отворена и плодна дебата за актуелната состојба во партиципацијата на невладините организации во работата на Собранието. Притоа беа согледани и можности за зголемено учество на граѓанскиот сектор во законодавната и контролната улога на Собранието, што е во согласност со словото и духот на новодонесениот Закон за Собранието.

Модераторот на тркалезната маса, пратеникот Цветанка Иванова, во заклучните согледувања истакна дека се очекува невладините организации да имаат проактивна улога во процесот на донесување на законите, почнувајќи од подготвителната фаза, преку остварувањето на контолната улога, па сè до нивната имплементација.

Учесниците искажаа заложба и поддршка на јавните расправи организирани во Собранието, како значаен елемент во развојот и во унапредувањето на демократијата.   

Click