Активности

Среда, 21 октомври 2009 година


Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џевад Адеми со претставници на амбасадата на Велика Британија во Република Македонија



Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џевад Адеми, на 20 октомври 2009 година, во неговиот работен кабинет, на барање на Герард МкГурк, заменик-шеф на Мисијата во амбасадата на Велика Британија и Дијана Руси, политички советник во амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, одржа работна средба на тема „Функционирање на Комитетот за односи меѓу заедниците и спроведување на законите“.

Претседателот Џеват Адеми ги запозна присутните за досегашната работа и напомена дека Комитетот за односи меѓу заедниците за првпат е целосно комплетиран од аспект на оформување на стручната служба за потребите на Комитетот и тоа во согласност со Уставот и законите на Република Македонија.

На средбата претседателот Џеват Адеми, исто така, истакна дека Комитетот за односи меѓу заедниците има испратено писма до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, до Министерство за локална самоуправа и до ЗЕЛС, со кои се бара нивно присуство на наредната седница на Комитетот за односите меѓу заедниците.

Исто така, претседателот Џеват Адеми истакна дека претставува проблем имплементација на законите, особено законот за јазиците што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа.

 

Click