Активности

Четврток, 22 октомври 2009 година


Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џевад Адеми со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
 

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Џеват Адеми на ден 20 октомври 2009 година одржа работна средба, во неговиот работен кабинет, на барање на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Хозе Луис Херера и Кјетил Исане офицер за политичко известување.

Претседателот Џеват Адеми ги запозна присутните за досегашната работа на Комитетот за односи меѓу заедниците, за постигнувањата и целите во работата, надлежностите и, исто така, истакна дека за прв пат е целосно комплетиран Комитетот од аспект на оформување на стручната служба. При оформувањето на стручната служба се зела предвид и националната припадност предвидена со Уставот и законите на Република Македонија.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Хозе Луиз Херера, на средбата беше заинтересиран за писмото испратено до нив на 14 октомври во врска со неодамнешниот настан на кој се изврши презентација на Предлог-документот, подготвен од нивна страна и на Министерството за образование и наука, со кое се предлага нова образовна политика во Македонија и објасни дека се работи за недоразбирање за кое придонеле медиумите. Исто така, амбасадорот побара информација за имплементацијата на законите донесени во Собранието на Република Македонија, а особено законот за јазиците што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа.

Амбасадорот на средбата посака на една од наредените седници да им се обрати на членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Претседателот на Комитетот го прифати барањето на амбасадорот и му се заблагодари за неговата иницијатива да присуствува на една од наредните седници, со цел да им се обрати на членовите на Комитетот. Тој воедно побара од амбасадорот во наредните семинари и обуки да ја има предвид стручната служба на Комитетот.

Click