Активности



Среда, 27 мај 2009 година

Единаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Единаесеттата седница како матично работно тело во прво читање ги разгледа Предлогот на законот за Воена академија и Предлогот на законот за внатрешни работи.

Претставникот на Владата ги нагласи целите што ќе се постигнат со формирањето на Воената академија, на која ќе се оспособуваат кадри за потребите на армијата и другите институции коишто се занимаваат со менаџментот на кризи.

Во однос на Предлогот на законот за внатрешни работи, беше укажана можноста припадниците на Министерството за внатрешни работи со посебни овластувања да можат да одат во пензија со навршување на 40 години пензиски стаж, што е различно од досегашните законски решенија, а кои произлегуваат од специфичностите на работните задачи што ги извршуваат во министерството.

Комисијата за двата предлога оцени дека се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање. 

 

Click