Активности



Среда, 2 септември 2009, Брисел

ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек

Шведското претседателство на Советот на Европската унија ги повика ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек во Брисел. Целта на оваа средба е да се подготват заедничките ЕУ позиции пред состанокот на Г-20 министрите за финансирање и гувернерот на Централна банка во Лондон на 4 и 5 септември.

Темите од областа на политиката од  дневниот ред на Г-20, кои би требало да бидат разгледани и на овој неформален работен ручек се следниве:

  • Општата економска ситуација, вклучувајќи ја и расправата за стратегија, која би ја осигурала стабилноста и одржливоста на јавните финансии;
  • Избегнување финансиски кризи во иднина.Тоа опфаќа мерки за јакнење на финансискиот пазар, регулирање и надзор;
  • Реформи во управувањето и застапување на ММФ, Светската банка и регионални банки за мултилатерален развој и јакнење на нивните ресурси;
  • Прашање за реформи на меѓународното мултилатерално кредитирање за помош на најсиромашните земји за постигнување на баланс и долгорочно опоравување;
  • Прашањето за климата, каде финансиските министри на Г-20 имаат улога во расправата за финансирање (трговија со емисии, јавно финансирање на мерките за климата и управување со климатските финансии).
Click