Активности

Четврток, 9 јули 2009 година

ЕУ официјално ја поддржа кандидатурата на Жозе Мануел Баросо

Земјите од Европската унија денеска официјално ја поддржаа кандидатурата на г-дин Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија. Ниту една од 27-те земји-членки на ЕУ не се спротистави на вториот петгодишен мандат на г-дин Баросо, па останува неговата номинација да биде потврдена од Европскиот парламент. 

- Сега едногласно имаме формална номинација за Жозе Мануел Баросо од сите претседатели на држави и влади, изјави шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд, чија земја на почетокот од овој месец го презеде претседателството со Европската унија.

Поранешниот португалски премиер  е единствениот кандидат за прв човек на Комисијата, но потребна му е поддршка од Парламентот, како и од владите на ЕУ.

Click