Активности



Четврток, 10 септември 2009 година

Европарламентот ќе гласа за Баросо на 16 септември

Европратениците на 16 септември ќе одлучат дали г. Жозе Мануел Баросо ќе добие втор мандат како претседател на Европската комисија. Конференцијата на претседатели - лидери на политичките групи на Европскиот парламент и претседателот на Парламентот денеска потврдија дека гласањето ќе се одржи в среда.

„На денешната средба на Конференцијата на претседателите донесовме јасно решение кое испраќа силна порака до граѓаните на Европа. Во ова време на економска криза, не можеме да си дозволиме да продолжиме во политички вакуум. Треба да бидеме во состојба да се движиме напред, да решиме дали г.Баросо ќе биде или не претседател на Комисијата во следните пет години“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г.Јержи Бузек.

Минатиот четврток г.Баросо до претседателот на Европарламентот ги испрати своите политички цели за вториот мандат. Негови основни приоритети ќе бидат економската криза, климатските промени, стабилен развој и старт на нова ера за глобална Европа.

Жозе Мануел Баросо е претседател на Европската комисија од 2004 година. По изборите на Европскиот парламент од 4 до 7 јуни годинава, Советот на Европа едногласно го номинира за нов петгодишен мандат, а Европарламентот ќе го има последниот збор.

Click