Активности



Четврток, 23 јули 2009 година

Европската комисија со нови мерки за спас од кризата

Европската комисиja усвои нови мерки, насочени кон поедноставување на правилата за управување со Кохезиската политика. Во услови на економска криза, целта е да се даде импулс на европската економија преку подобрување на условите за започнување повеќе проекти во одделни региони. Како дел од мерките за борба против кризата, Комисијата може да надомести 100% од трошоците, пријавени од земјите-членки за проекти финансирани од Европскиот социјален фонд (ЕСФ) во 2009 и 2010 година.

„Овие нови мерки имаат за цел да пружат помош во европските региони за да им помогнат побрзо да се опорават“, изјави членот на Комисијата за регионална политика, г-дин Павел Самецки.

Одговорниот за Европскиот социјален фонд и член на Комисијата за вработување, социјални прашања и еднакви можности, г-дин Владимир Шпидла, додаде дека „надоместокот од ЕСФ е витално важен за помош на граѓаните во време на криза. Овие исклучителни мерки се израз на европската солидарност со оние кои се најранливи“. 

Објавените промени најавија олеснување во имплементацијата на 455 програми од Кохезиската политика, планирани за периодот од 2007 до 2013 година, што претставува вкупна инвестиција од 347 милијарди евра или повеќе од една третина од буџетот на Заедницата. Целта е да се забрзаат инвестиционите текови насочени посебно кон проекти-промотори и кон оние граѓани кои се најмногу засегнати од кризата во европските региони.

Промените ќе појаснат некои правила и ќе го упростат секојдневното управување со европските фондови.

Основните мерки се:

- Во 2009 и 2010 година како дел од своето „против-кризни“ мерки, Комисијата по барање на земјите-членки да може да надомести 100% од трошоците, јавно пријавени од земјите -членки за проекти финансирани од ЕСФ. Конкретно, земјите-членки нема да бидат задолжени да обезбедат национално  кофинансирање, на кој начин се забрзува реализацијата на проектите за помош за вработување. Таа опција не ја доведува до прашање распределбата на средствата меѓу земјите-членки, ниту вкупниот  буџет за фондовите, ниту обврската на земјите-членки да обезбедат дополнително кофинансирање;

- Комисијата предлага воспоставување на единствена категорија на „голем проект“. Претходно одобрувањето на Комисијата беше задолжително за проекти чијшто вкупен трошок надминува 25 милиони евра за екологија и 50 милиони евра за останатите сектори. Прагот за одобрување сега е фиксиран на 50 милиони евра за сите области. Помалите еколошки проекти ќе имаат можност да започнат побрзо;

- Правилата се однесуваат на „приходите-генератори“ проекти (на пример: такси, магистрали или проекти кои вклучуваат наем или продажба на земјиште), исто така се упростени, за да се намалат административните оптеретувања на земјите-членки;

- Програмите на Кохезиската политика можат да бидат упростени од земјите-членки, земајќи ја в предвид новата реалност. Освен тоа, некои одредби кои се однесуваат на обврската да се поддржат инвестициите низ петгодишен период, нема да се применуваат за претпријатија коишто влегуваат во секторите „bankrupt.Investments“;

- Инвестициите поврзани со енергетската ефективност и користењето на обновените извори на енергија во живеалиштата ќе се охрабрат, како се има в предвид нивниот значителен потенцијал за осигурување на раст и работни места;

- Комисијата предлага модификации насочени кон зголемување на флексибилноста во однос на правилата за отпаѓање. На пример, субвенциите за големите проекти, во основа ќе се заштитат веднаш откако земјата-членка ќе го поднесе проектот на Комисијата;

- Европскиот фонд за регионален развој ќе биде во можност да поддржи реновирање или изградба на живеалишта во општества соочени со социјална изолација, посебно за Ромите во руралните и урбаните подрачја;

- Земјите-членки и Европскиот парламент повикаа за поедноставување на управувањето со Кохезиската политика, посебно во време на криза. Тие треба да дадат свое мислење за мерките кои беа претставени.

Click