Активности



Петок, 3 јули 2009 година

новиот Европски парламент ќе го посети Стокхолм

Во понеделник, на 6 јули 2009 година, новоизбраната група лидери на Европскиот парламент, предводена од претседателот во заминување, г-дин Ханс-Герт Петеринг, ќе го посети Стокхолм.

Целта на посетата, меѓу другото, е да се воспостават блиски односи меѓу новото претседателство на Шведска со Европската унија и новоизбраниот Европски парламент.

На 15 јули шведскиот премиер, г-дин Фредрик Рејнфелт, пред Европарламентот во Стразбур ќе ја претстави програмата на шведското претседавање со Унијата за следните шест месеци.

Претседателството на ЕУ ја определува работната програма за шестмесечното раководење и претседавање на сите средби на Советот на ЕУ - средбите на ниво на државни и владини функционери, официјални и неофицијални министерски средби, седници на Комитетот на постојаните претставници, каде претставници на земјите-членки на ЕУ еднаш неделно ќе се среќаваат во Брисел, како и седници на 140-те работни групи, кои ги разгледуваат сите прашања со кои се занимава Советот.

Претседателството претставува и допирна точка меѓу Советот и другите европски институции, меѓу кои и Парламентот. Парламентот ги гласа европските закони заедно со Советот, а исто така ја набљудува неговата работа, како и таа на Претседателството, за да гарантира дека процесот на донесување решенија е потранспарентен. Средбите на Претседателството со членовите на Европскиот парламент даваат можност за размена на информации и мислења и го олеснуваат европскиот законодавен процес.
 
Меѓу приоритетите на шведското претседателство се мерките против финансиската криза и невработеноста, како и борбата со глобалното затоплување и во таа смисла постигнување меѓународен договор во Копенхаген. Останатите важни прашања за шестмесечниот мандат ја вклучуваат соработката меѓу правосудството и внатрешните работи на ЕУ и стратегијата за Балтичкото Море. Исто така, шведското претседавање ќе мора да продолжи да работи на проширување на Унијата, но и на стапување на сила на Лисабонскиот договор.

Следните земји кои ќе го преземат ротационото претседавање со Европската унија се Шпанија, во првата половина на 2010 година и Белгија - во вторите шест месеци од идната година.

Click