Активности



Петок, 25 септември 2009 година, Питсбург

Г-20 постигна принципиелна согласност за ограничување на бонусите во финансиската сфера

На Г-20 Самитот во Питсбург, кој започна вчера со работна вечера, политичките лидери на 19 земји и ЕУ постигнаа принципиелна согласност да се ограничат бонусите во финансиската сфера. Државните и владините раководители од групата препорачуваат овие бонуси да бидат ограничени до определен процент од нето банкарските приходи кога се закануваат на здравата основа на капиталот.

Домаќин на земјите кои претставуваат 85% од светската економија, е претседателот на САД, г. Барак Обама, а Европската унија ја претставуваат премиерот на земјата претседавач со ЕУ - Шведска, г. Фредрик Рејнфелд и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо.

Г.Рејнфелд и г.Баросо изразија загриженост дека меѓународните преговори за климатските промени во пресрет на декемвриската конференција во Копенхаген се развиваат многу бавно и изгледа како да се во застој. Тие потенцираа дека е неопходно да се направи поголем напредок во дискусиите за тоа како да се финансира борбата против климатските промени.

Денеска лидерите се собираат околу преговарачката маса за да расправаат за многуте прашања од дневниот ред, меѓу кои најважна е финансиската и економската криза.

Click