Активности



Среда, 8 јули 2009 година

Г-8 Самит во Аквила

Во италијанскиот град Аквила денеска започна тридневниот Самит на Г-8, на кој, покрај лидерите на водечките земји во светот - Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и САД, учествуваат и претставници од Бразил, Кина, Индија, Мексико и ЈАР, како и од Египет, Данска, Шпанија и Холандија.

Во градот, кој на почетокот на април беше погоден од силен земјотрес, ќе доминираат прашањата кои го засегаат светот, како економската криза, климатските промени, реформа на финансискиот систем и енергетската сигурност. Исто така ќе се разговара за можни санкции против Иран и за реакцијата кон Северна Кореја.

На иницијатива на претседателот на Соединетите Американски Држави, г-дин Барак Обама, во Аквила ќе има и средба на „Мејџр економикс форум“, кој е составен од Г-8, земјите во подем, Индонезија, Јужна Кореја и Австралија, а на кој ќе се расправа за последиците од кризата врз земјите во развој.

Click