Активности

Петок, 11 декември 2009 година

Средба на претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија г. Илија Димовски со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија

Претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија г. Илија Димовски денеска оствари средба со г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија. Ова е прва средба на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија од нејзиното основање.

На средбата покрај претседателот на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија г. Илија Димовски пристуствуваа и потпретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули, пратениците г. Оливер Дерковски и г-ца Марија Андоновска.

“Целта на оваа средба е да се работи на понатамошно продлабочување на односите и соработка меѓу двете држави на парламентарно ниво”, истакна претседателот г. Илија Димовски.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули посочи дека парламентарната димензија е битна за соработка меѓу двете  држави  и  изрази надеж дека оваа средба ќе придонесе за интензивирање на односите  помеѓу двата парламента.

Претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија, г. Хери Џенкинс изрази благодарност за поканата, а воедно ја истакна важноста на парламентарните групи за една држава кои нудат можност за меѓусебно запознавање и размена на искуства.

Воедно посочи дека македонската заедница во Австралија е многу добро организирана и придонесува за развој на културата, сопртот и социјалниот живот.
Click