Активности



Среда, 23 септември 2009 година

Германскиот претседател ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор

Претседателот на Германија, г. Хорст Келер, ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор. Се очекува до крајот на седмицата оваа земја да ја финализира ратификацијата на Реформскиот договор на Европската унија од Лисабон.

По објавувањето на законите во сојузниот законик, германскиот претседател во петок ќе го потпише и указот за ратификација на Лисабонскиот договор.

Изминатиот петок, десет дена по Бундестагот и Бундесратот ги изгласа придружните закони за европскиот реформски договор, со кои се засилени правата на соодлучување на Бундестагот и Бундесратот во европските прашања.

Лисабонскиот договор пред да стапи на сила мора да биде потпишан од страна на сите 27 земји-членки на ЕУ, а тој процес сè уште трае во Чешка и Полска, додека граѓаните на Ирска во октомври ќе излезат на втор референдум.

Click