Активности



Вторник, 30 јуни 2009 година

Германскиот уставен суд даде зелено светло за Лисабонскиот договор, но ја одложи неговата ратификација

Уставниот суд на Германија донесе одлука дека Лисабонскиот договор е во согласност со германскиот Устав, но сe уште не може да се ратификува поради тоа што се потребни подобрувања во делот на правата на Бундестагот околу прашања на Европската унија. Лисабонскиот договор ќе биде ратификуван дури откако ќе биде променет Придружниот закон, кој го следи Лисабонскиот договор.

- Уставот вели ‘да’ за Лисабонскиот договор, но на национално ниво бара зајакнување на парламентарната одговорност за интегрирање. Сенатот е уверен дека бргу ќе биде отстранета и последната пречка за ратификација на Договорот, изјави судијата претседавач во Карлсруе, г-дин Андреас Фоскуле.

Според тужителите, при склучувањето на Лисабонскиот договор не се водело доволно сметка за пренесувањето на компетенциите на Бундестагот и Бундесратот на европско ниво.

Тоа значи дека прво ќе треба да се зајакнат компетенциите на германскиот парламент, а потоа германскиот претседател, г-дин Хорст Келер, да стави потпис на Лисабонскиот договор.

За да стапи на сила Лисабонскиот договор треба да биде ратификуван од сите земји-членки на Европската унија, а тоа, покрај Германија, не го направиле уште Ирска, Чешка и Полска.

Click