Активности



Вторник, 14 јули 2009 година, Стразбур

Гласање во Европарламентот

На конститутивна седница Европскиот парламент во Стразбур со тајно гласање ќе избере нов претседател, 14 заменик-претседатели, како и претседатели на парламентарните комисии, кои ќе бидат на овие функции во наредните 2,5 години.

Седницата, според новите правила, ќе ја води претседателот во заминување, г-дин Ханс-Герт Петеринг, или еден од неговите 14 потпретседатели.

Европратениците со тајно гласање денеска најпрво ќе го изберат новиот претседател. За прв човек на Европарламентот има двајца кандидати – поранешниот полски премиер од Европската народна партија, г-дин Јержи Бузек и од левицата Швеѓанката Ева Брит Свенсон, член на Конфедеративната група на Европската обединета левица - Северна зелена левица.

Денеска уште ќе се изберат заменик-претседателите, а ќе се расправа и за чешкото претседавање со Европската унија во изминатите шест месеци. 

За избор на претседател се предвидени најмногу четири, а за избор на 14-те потпретседатели најмногу три круга гласање.
 
Утре новото шведско председателство со ЕУ, односно премиерот на Шведска, г-дин Фредрик Рејнфелд, ќе ја претстави шестмесечна програма. Во среда исто така ќе се расправа и за ситуацијата во Иран, Кина и Хондурас.

Во четврток ќе се изберат претседатели на парламентарните комисии, коишто ќе играат клучна улога во процесот на изменување на законодавството во наредните години.

Во пратеничките клупи во Стразбур и Брисел во новиот состав ќе седат 736 пратеници, избрани на јунските избори. По предвиденото усвојување на Лисабонскиот договор, бројот на пратениците треба да се зголеми на 754.




 

Click