Активности

Среда, 9 септември 2009 година, Европска комисија

Хуманитарна помош за африканските земји погодени од климатските промени

Европската комисиja ќе одвои 53.475 милиони евра за помош на африканските земји Сомалија, Етиопија, Кенија, Уганда, Чад, Буркина Фасо, Нигер, Мали и Мавританија, кои се соочуваат со екстремни метеоролошки опасности како резултат на климатските промени. 

„Хуманитарните последици од климатските промени се чувствуваат многу тешко во многу земји во јужна Африка. Огромен простор беше погоден од екстремни метеоролошки опасности во последните месеци, па и години. Долготрајната суша и неколкуте поплави имаа погубен ефект врз сеидбата и добитокот и ја зголемија ранливоста на милиони луѓе. Во тие предели, климатските опасности дополнително ја влошија драматичната ситуација предизвикана од конфликти, лошо управување и широко распространета сиромаштија“, изјави европскиот комесар за развој и хуманитарна помош, г.Карел де Гухт.

Тој нагласи дека овие хуманитарни кризи кои бараат итна помош, се целосен потсетник за пресудната важност на постигнувањето договор во Копенхаген за борбата со климатските промени.
Click