Активности



Четврток, 24 септември 2009 година

Новиот модерен информатички систем во парламентот - лидер во регионот

На Втората меѓународна конференција за ИКТ решенија за правда, што се одржува во Скопје, под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули во поздравното обраќање ја истакна значајната улога на ИКТ во секојдневната примена како во парламентот, така и во судството.

На тој начин се зголемува транспарентноста, ефикасноста и одговорноста на институциите. А бенефит имаат сите, како вработените, така и граѓаните, истакна потпретседателот.

Примената на ИКТ не е само куп компјутери и машини, туку мора да се има стратегија што ќе обезбеди одржливост на системот, а тоа значи: човечки ресурси, стабилен буџет и приспособување на процесите за подобро искористување на технологиите, изјави потпретседателот Јани Макрадули.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули особено го нагласи новиот модерен информатички систем во парламентот, кој е лидер во регионот по многу карактеристики и е плод на консензус меѓу сите пратенички групи под цврсти зацртани рамки од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

 



Click