Активности

Среда, 21 октомври 2009 година, Женева

На ИПУ законодавците усвоија итна точка со која се овозможува парламентарна акција за обезбедување на глобална безбедност на храната
 
Во текот на тридневните дискусии во рамките на 121. Собрание на ИПУ, кое се одржува во Женева, пратениците од 128 национални парламенти имаа можност да дебатираат за важни прашања од меѓународната агенда, како што е соработката и поделбата на одговорноста во глобалната борба против организираниот криминал, улогата на парламентите во достигнување на Милениумските развојни цели и учеството на младите во демократските процеси.

На 121. Собрание на ИПУ, законодавците усвоија итна точка на предлог на делегациите на Австралија и Уганда, со која се овозможува парламентарна акција за обезбедување на глобална безбедност на храната.                

Интерпарламентарната унија, основана во 1889 година е најстарата мултилатерална политичка организација во која членуваат 153 национални парламенти и 8 меѓународни организации. Светската организација на парламенти со седиште во Женева има статус на постојан набљудувач во рамките на ООН.         

 

Click